Русија: Преговори за гас со Украина, ако Киев плати дел од долгот

Од:

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите со Украина за гасот, условите за испорака и цената, ако Киев плати дел од долгот за веќе доставениот руски гас, изјави вчера рускиот премиер Дмитриј Медведев.

– Никој никогаш не рече „вратете ги веднаш четирите милијарди долари“. Сепак, потребно е да се покаже подготвеност за враќање на долгот. Ако платите дел, тоа ќе биде основа за разговори, изјави Медведев, додавајќи дека се надева дел од средствата што Украина ги прими како помош од ЕУ ќе бидат неменети за враќање на долгот кон Газпром.

Долгот на украинската енергетска компанија „Нафтогас“ кон Москва моментално изнесува околу 3,5 милијарди долари, а цената на гасот 485,5 долари за 1.000 кубни метри. Москва неодамна значително ја зголеми цената на гасот за Украина од 268,5 долари на 485,5 долари за 1.000 кубни метри, по приклучувањето на Крим кон Руската федерација.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина