Русија му донираше на Иран текстил за заштитни маски

Од:

Русија испрати хуманитарна помош за Иран, која се состои од текстил за производство  на заштитни маски за лице, изјави денеска дипломатскиот претставник во Техеран, Андреј Ганенко.

Тој додаде дека  хуманитарната помош е доставена во Иран на 7, 14 и на 15 мај.

Во април, Иранската амбасада во Русија соопшти дека Иран има итна потреба од медицински маски, респиратори и комплети за тестирање на новиот коронавирус. Техеран списоците со неопходна опрема ги упати до неколку држави, меѓу кои и Русија.

По 3 мај, бројот на заразени со Ковид-19 во Иран повторно е во пораст и вкупниот број на инфицирани изнесува 118.300 луѓе, додека регистрирани се 6.937 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов