Русија: Хуманитарна катастрофа во југоисточна Украина

Од:

Хуманитарната катастрофа во југоисточна Украина е се полоша, изјави денеска заменикот директор на руската Федерална миграциска служба Анатолиј Кузњецов.

– Во југоисточна Украина има хуманитарна катастрофа со тенденција за нагло зголемување. Луѓето бегаат од војната. Дел од нив чекаат промени и се надеваат на враќање додека други се одлучиле да останат, изјави Кузњецов на состанок на владина група за одговор при вонредни ситуации.

Од почетокот на оружените судири повеќе од 18.000 жители на Украина побегнале од југоисточните региони Лугањск и Доњецк и моментно се во руски региони долж границата.

Околу 2.000 заминале од други украински региони. Во привремени центри во Русија се повеќе од 11.200 бегалци од источна Украина. Речиси 3.000 Украинци кои побегнале од зоните на судири добиле досега официјален статус бегалци во Русија, потврди Кузњецов.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје