Русија го споредува референдумот на Крим со оној на Фокландските острови

Од:

Рускиот амбасадор во Велика Британија Александар Јаковенко го спореди референдумот на Крим од март минатата година со референдумот што се организираше на Фокландските Острови во 2013 година.

Референдумот на Крим, на кој безмалку 90 отсто од луѓето се изјаснија за приклучување на Полуостровот кон Русија, беше основа за руската анексија, која формално беше извршена пред нешто повеќе од една година откако претседателот Владимир Путин потпиша закон за тоа.

Референдумот на Фокландските острови беше извршен во екот на големата аргентинска кампања за „враќање на Островите„ кон Аргентина.Дури 99,8 отсто од гласачите-Фокландери се изјаснија овој архипелаг во Јужниот Атлантик,да остане и понатаму британска прекуморска територија.

Фокландскиот референдум се организираше откако официјален Лондон порача дека само жителите на островот имаат право да одлучуваат за својата иднина и дека владата на Велика Британија ќе го почитува нивниот избор,како право на самоопределување.

Владата во Буенос Аирес и тогаш и сега не ги прифака резултатите од референдумот, тврдејќи дека тој е нелегитимен, а така мислат и повеќето од латиноамериканските држави кои се солидаризираат со Аргентина во нејзината битка за суверенитетот врз „својата“ територија.

Изјавата на амбасадорот Јаковенко, доаѓа по расправата во британскиот Парламент за ситуацијата во и околу Украина, на која шефот на Форин Офисот Филип Хамонд остро ја критикуваше анексијата на Крим како „грабеж“ на територија, а референдумот како неважечки и за чин на „измама“.

Во писмена реакција до британското Министерство за надворешни работи,рускиот амбасадор го доведува во прашање легитимитетот на Велика Британија на, како што вели „Малвиските/Фокландските острови„ и укажува на „погрешната реторика„ кога станува збор за дисквалификацијата на кримскиот референдум и на слободната волја на луѓето од Полуостровот да се приклучат кон Русија.

Руските медими веќе неколку недели донесуваат прилози за Фокландските острови тврдејќи дека тие се под „британска окупација„ што е идентична формулација што медиумите во Лондон ја користат за анексијата на Крим,пишувајќи дека на Полуостривот се „газат човековите права„.

Острата британско-руска полемика, која е дел од силната антируска кампања во медиумите на Велика Британија, предизвика владата во Лондон да се определи за засилување на одбраната на Фокландските Острови со нови хеликопетри „Чинук“ и со нова серија противвоздушен ракетен систем.

Контингентот од 1200 британски војници останува, засега непроменет но забрзано се проширува военото пристаниште Маре Харбур, а еден британски патролен брод останува трајно во тој дел од светот.

Ваквата одлука е донесена откако стана јасно дека Русија се спогодила со Аргентина да и даде на лизинг 12 бомбардери „Сухој-24„ во замена за аргентинско месо и жито.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Кремљ тврди: Соборени 38 беспилотни летала над Крим

А1он