Русија, Ангола, Венецуела и Кина не учествуваа на организираната од Литванија неформална седница зад затворени врати на Советот за безбедност на ОН за Крим, јави ТАСС.
Отсуството на претставници на четирите држави беше потврдено и од постојаниот претставник на Литванија Рајмонда Мурмокате, обвинувајќи ги руските власти дека даваат значење само на кршењето на човековите права од силите на Киев.
На седницата имаше обраќање и лидерот на кримските татари и пратеник во украинскиот парламент Мустафа Џемилев.