Рот: Промена на границата на Косово ќе го дестабилизира регионот

Од:

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот повтори дека Германија е против решавање на спорот помеѓу Србија и Косово со менување на границата.

Според него, тоа би било крајно опасно и ќе го дестабилизира регионот.

Во интервју за „Дојче веле“ на албански јазик, Рот вели дека од Албанија се очекува да го искористи своето влијание и да спречи дестабилизација.

„Територијалниот интегритет на Западен Балкан за нас е многу важен. Обидите за менување на границите во минатото предизвикаа бескрајно страдање. Затоа, мислам дека таквите размислувања не само што не ветуваат многу успех, туку се и крајно опасни“, изјави Рот.

Тој нагласи дека е потребен „сеопфатен договор кој конечно ќе ги уреди односите и ќе овозможи Србија и Косово да станат членки на ЕУ и да се решат сите отворени технички прашања“.

„Очекуваме од Албанија да го искористи своето политичко влијание и да продолжи конструктивно да се залага за стабилноста во регионот. Во интерес на Албанија, како дел од регионот, е по секоја цена да спречи нова дестабилизација на Западен Балкан, што секако би ја предизвикало промената на границата“, рече Рот.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски