Романското обвинителство почна истрага за повикот на екстремистите од „НАТ 88“ за стерилизирање на Ромките

Од:

Романското обвинителство почна истрага во врска со повикот на локалната екстремистичка организација „НАТ 88“ жените од ромско потекло да се стерилизираат, пренесе Танјуг, цитирајќи ја Аџерпрес.

Истрагата треба да утврди дали е извршена „пропаганда врз фашистичка и расистичка идеологија“, што според закон се казнува, наведува обвинителството во Тимишвар.

На почетокот на неделата националистичката и екстремистичка група „НАТ88“, со седиште во Тимишвар, на својот сајт објави дека предлага „награда од 300 леи (68 евра) на секоја циганка од Банат, која ќе покаже документ од лекар дека во текот на 2013 година доброволно се подложила на стерилизација“.

Три романски невладини организации го осудија предлогот на локалната екстремистичка група за стерилизација на жените од ромско потекло и побараа обвинителството да почне истрага.

Во Романија живее најмногубројната ромска заедница во Европа. Според последниот попис, во оваа земја има околу 620.000 Роми, иако нивните лидери тврдат дека се два милиона.

Мнозинството од нив живеат во крајна сиромаштија и се подложени на дискриминација.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија