Романците трета по големина заедница по бројност во затвори во Белгија

Од:

Романски граѓани се трети по бројност во белгиските затвори зад Мароканците и Французите, објави белгискиот весник Дерниер јор.

Администрацијата на затворите во Белгија констатирала зголемување за околу 80 отсто во изминатите три години на приведените лица со потекло од Романија.

Пред пет години таа цифра била 1,9 отсто – односно седма заедница која не е од Белгија во затвори по Мароканците и Алжирците. Но, итуацијата радикално е променета, тврди весникот.

Во 2008 година во белгиски затвори имало 190 романски граѓани, а бројот во моментот е над 320 луѓе. Најчесто Романци се во затвор во Белгија заради проституција и кражби. Речиси 45 отсто од затворениците во Белгија се странци, се додава во извештајот на весникот.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија