Роднините на жртвите лути на властите во Јужна Кореја поради потонувањето на траектот

Од:

Со тага и солзи во очите, помешани со бес, роднините облечени во црно, ја одбележа денеска смртта на 304 лица, претежно средношколци, кои загинаа при потонувањето на траектот Севол во студените води кај југозападниот брег на Јужна Кореја.

За разлика од општиот шок и бес, кои владееја неделите по несреќата, првата годишнина се покажа како уште покомплицирана кога станува збор за емоциите на луѓето, кои сметаат дека владата не ги подобрила безбедносните стандари и дека голем број високи функцонери се одговорни поради несереќата, како и дека се неспособни и корумпирани.

Неколку часа пред да замине за официјална посета за Колумбија, претседателката Парк Геун-хе го посети малото пристаниште во југозападниот дел на островот за да го изрази своето сочувство до роднините на настраданите. Роднините одбија состанок со неа во знак на протест поради начинот на кој Владата се однесува по несреќата, соопшти претседателската Сина куќа.

Знамињата на јавните згради беа спуштени на половина копје и со едноминутно молчење е оддадена почит во градот Ансан, кој загуби цела класа средношколци на излет на јужниот остров.

Градот во кој на попладневниот помен се очекуваат илјадници лица, изутринава го посети премиерот Ли Ван-ку, но разлутените роднини го вратија назад. Роднините на жртвите се закануваат дека ќе го откажат поменот доколку Владата не ги објави плановите за спасување на бродот, со ветување дека ќе покрене нова истрага за причините на тонењето, изјави адвокатот Пил Киду-хванг.

Трошоците за извлекување на траектот се проценети меѓу 91 и 131 милион долари, а процедурата би можела да потрае подолго од една година.

Планирано е и бдение на светлина од свеќи во центарот на Сеул, каде роднините со месеци протестираат.

Јужнокорејскиот Парламент усвои денеска резолуција за извлекување на траектот.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски

Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Горан Наумовски