Рибната индустрија ја доведе туната на работ на опстанок

Од:

Владите на пацифичките островски земји и активисти за заштита на природата, предупредија на суровите методи на убивањето на еден вид туна, чие месо е популарно меѓу љубителите на суши ширум светот.

Претставникот на асоцијацијата која ги предводи пацифичките островски земји на Конференцијата за риболов на туна во Манила, Нанет Малсол изјави дека големите земји мора да го ограничат риболовот, да ги казнат деструктивните методи на рибарење и да ја почитуваат забраната за риболов за да се овозможи непречено мрестење и раст на подмладокот на туна во Пацификот, кој е најбогат океан со овој вид риба.

Таа рече дека малите островски земји вложуваат големи напори за да овозможат опстанок на туната, но големите индустриски компании настојуваат да ги прескокнат сите ограничувања и да продолжат со ловот на туна не водејќи сметка за какви било видови забрана.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

Приведени три лица во дебарско, затекнати при незаконит лов

А1он

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он