Репортери без граници: Слободата на медиумите во се поголема опасност

Од:

Оваа година 63 новинари го загубија животот додека ја извршувале својата работа, а слободата на медиумите е во се поголема опасност, покажуваат извештаите на Комитетот за заштита на новинарите и Репортери без граници.

Двете организации предупредуваат дека годинава се зголемил бројот и на новинари кои се киднапирани или уапсени додека ја извршувале својата работна задача, како и заканите врз нив, па експертите сметаат дека е време за тревога.

– Новинарите во демократските земји се загрозени, па и репортерите во земјите без конфликт плаќаат данок за своето известување, истакна Марго Јуен од Репортери без граници.

Податоците на овие организации покажуваат дека најмалку 63 новинари се убиени во 2018 година, а најопасни земји за нив се Авганистан, Сирија и Мексико.

Апсењата на новинарите се, исто така, во пораст. Комитетот за заштита на новинарите наведува дека во Кина, Турција и Египет се уапсени половина од вкупниот број новинари кои се наоѓаат в затвор.

И реториката на американскиот претседател Доналд Трамп против медиумите, само им дава легитимитет и на останатите државници кои ги напаѓаат новинарите.

– Со самото етикетирање на лажните вести тој вели дека тие новинари не се вистински и со тоа ги става на другата страна од историјата. А кога вели дека тие се непријатели на народот, всушност тврди дека тој самиот е народ, па ако него го критикуваат значи ве критикуваат и вас, оценува Том Розентал од американскиот институт за медиуми.

Довербата во медиумите во САД е на најниско ниво, што за некого тоа претставува илустрација на глобалната ерозија на медиумската слобода.

Единствената позитивна вест за „седмата сила“ доаѓа од Етиопија. Откако новиот премиер Абиј Ахмед спроведе демократски реформи ниту еден новинар не е уапсен првпат по 14 години.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

„Репортери без граници“ повторно го тужи Израел пред Хашкиот суд

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он