Убиени се двајца новинари во Газа

Од:

Двајца новинари, дописник на јапонскиот дневен весник Асахи Шимбун и репортер на Ал Џезира, загинаа во израелските напади врз Појасот Газа, објавија медиумите.

Асахи Шимбун објави дека дописникот Мохамед Мансур (29) бил убиен во неговиот дом во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, додека Ал Џезира ја идентификувала втората жртва како нејзиниот дописник, 23-годишниот Хосам Шабат.

„Нападите врз цивили, вклучително и новинари, никогаш не се прифатливи под никакви околности“, пишува јапонскиот дневен весник.

Вкупниот број на новинари убиени во Газа откако Израел започна воена офанзива во октомври 2023 година, во моментов изнесува 208.

Портпаролот на генералниот секретар на ОН Стефан Дужарик на денешната прес-конференција рече дека овие убиства се „уште еден пример за опасностите со кои се соочуваат новинарите во Газа и во секоја конфликтна зона за да се обидат да ги соопштат вестите, а новинарите треба да бидат заштитени на секој начин“, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа

„Гардијан“ открива: Како израелската војска ги претвора хуманитарците во мети

Холандија се откажува од Евровизија

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

Палестински медиуми: Доселениците запалија земјиште и каменуваа жители на Западниот Брег

Кушнер и Нетанјаху четири часа разговараа за Газа, САД сакаат да го тестираат Хамас