Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

Од:

Стотици репортери и други вработени во Гласот на Америка, Радио Слободна Азија, Радио Слободна Европа и други медиуми денеска добиле електронска пошта во која се вели дека ќе им биде забрането да влезат во нивните канцеларии и дека треба да ги предадат прес-картичките, телефоните издадени од канцеларијата и останатата опрема. Во електронската пошта се вели дека  вработените на Гласот на Америка се ставени на административно отсуство. Како последица на тоа, целиот постојан персонал, вклучително и лидерите на агенциите, мора веднаш да престанат со работа, што значи и прекин на продукцијата на вести.

Трамп воедно навел дека Американската агенција за глобални медиуми (USAGM) е меѓу „елементите на федералната бирократија за кои претседателот утврдил дека е непотребна“.

Кари Лејк, симпатизерка на Трамп и поранешна водителка на вести од Аризона, која беше поставена на чело на медиумската Агенција откако ја изгуби кандидатурата за американскиот Сенат, во електронска пошта до медиумите што ги надгледува навела дека „парите од федералните грантови повеќе не ги спроведуваат приоритетите на агенцијата“.

Претставникот на Белата куќа, Харисон Филдс, во објава на Х, едноставно напиша „збогум“ на 20 јазици, што е саркастичен удар за повеќејазичното покривање на Гласот на Америка.

Шефот на Радио Слободна Европа/Радио Слобода, кое започна да емитува програма во советскиот блок за време на Студената војна, го нарече откажувањето на финансирањето „подарок за непријателите на Америка“.

Гласот на Америка (ВоА) е еден од меѓународните радиодифузни државни медиумски мрежи финансирани од федералната влада на САД. Тој е најголемиот и најстариот од меѓународните радиодифузери на САД. Основан во 1942 година, Гласот на Америка произведува дигитални, ТВ и радио содржини на 47 јазици произведени за публика надвор од границите на САД.

Би можело да ве интересира

Последните анкети пред изборите во САД: Демократите со голема предност во Претставничкиот дом, неизвесна трка за Сенатот

Предраг Петровиќ

Трамп се подготвува за пораз: „Ако тргнат по Маск, ќе го заштитиме“

Предраг Петровиќ

Трамп вети 5.000 долари за секој Американец ако републиканците победат на изборите

А1он

Трамп доби „ладен туш“ пред изборите: Не смеете да се заканувате!

А1он

Ердоган и Трамп разговараа за Блискиот Исток и конфликтот во Украина

А1он

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

А1он