Ренци изрази олеснување поради развојот на настаните во Турција

Од:

Италијанскиот премиер Матео Ренци изрази денеска олеснување поради развојот на настаните во Турција, по обидот за воен удар во таа земја.

– Загриженоста поради појава на неконтролирана ситуација во земја партнер од НАТО како што е Турција, сега се намалува поради победата на стабилноста и на деморкатските институции. Се надеваме дека нема да да се случат драстични пресврти и опасности за населението и за сите странци, кои се наоѓаат во Турција. Уверени сме дека слободата и демократијата се вистинскиот пат, кој треба да биде следен и заштитен, нагласи Ренци. 

Владини извори, кои побарале анонимност во меѓувреме демантираа дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган барал дозвола за слетување на аеродромот Чампино, покрај Рим, во кој има цивилен дел, но и база на италијанските военовоаздухопловни сили, користена за владини потреби. 

Според некои медиуми авионот на Ердоган добил забрана за слетување во Германија и Велика Британија, додека Италија и Русија демантираа дека воопшто добиле такви барања.
 
Военото воздухопловство на Иран ги демантираше извештаите дека авионот на Ердоган го пресекол иранскиот воздушен простор на пат за Катар, кој се смета за најблизок сојузник на Турција во регионот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ