За организирање на излезот на Велика Британија од ЕУ потребен е здрав разум и јасен распоред, изјави италијанскиот премиер Матео Ренци, по средбата со британската премиерка Тереза Меј.
– Брегзитот е решение, што со сигурност не ни со допаѓа и влијае врз 600.000 Италијанци кои живеат во Велика Британија, но тоа е одлука на британскиот народ, која ние ја почитуваме, и која сега бара од сите многу здрав разум, јасен план и увереност во насоката, истакна Ренци на заедничката прес-конференција во Меј во Рим.
Тереза Меј, која минатата седмица го посети Берлин, а потоа и Париз, веќе нагласи дека Велика Британија нема да побара официјално излегување од ЕУ пред крајот на годинава.
Британската прамиерка изјави дека гледа разумност во идните односи меѓу нејзината земја и ЕУ.
– Треба да се однесуваме кон тоа со отворена свест. Според мене треба да се направи план, кој е соодветен како за Велика Британија, така и за ЕУ, а не нужно да се држиме кон веќе подготен модел, објасни Меј на заедничката прес-конференција.