Ренци: ЕУ треба да ги запре фондовите за земјите до Источна Европа

Од:

Европската унија треба да ги сопре фондовите за земјите од Источна Европа, кои не сакаат да ги прифатат квотите за распределба на мигрантите, изјави денеска италијанскиот премиер Матео Ренци.

–  Ако не покажат солидарност по прашањето за миграцијата, сметам дека е апсолутно исправно големите земји да не пројавуваат солидарност по прашањето за дотациите од буџетот на ЕУ, нагласи Ренци на прес-конференцијата во Рим.

Италијанскиот премиер посочи дека го покренал прашањето на самитот на ЕУ во Брисел минатата недела.

Полска, Чешка, Словенија и Унгарија се големи потрошувачи на регионалните фондови и грантови од ЕУ и се  против планот на Брисел за распределување на барателите на азил кои пристигнуваат преку морето во Италија и во Грција.

Тој предупреди дека Рим ќе заземе цврст став во претстојните преговори за својот придонес во буџетот на Унијата за следниот програмски период – 2020-2026 година како одмазда за антиимигрантските позиции на земјите од Вишеградската четворка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ