Европската унија треба да ги сопре фондовите за земјите од Источна Европа, кои не сакаат да ги прифатат квотите за распределба на мигрантите, изјави денеска италијанскиот премиер Матео Ренци.
– Ако не покажат солидарност по прашањето за миграцијата, сметам дека е апсолутно исправно големите земји да не пројавуваат солидарност по прашањето за дотациите од буџетот на ЕУ, нагласи Ренци на прес-конференцијата во Рим.
Италијанскиот премиер посочи дека го покренал прашањето на самитот на ЕУ во Брисел минатата недела.
Полска, Чешка, Словенија и Унгарија се големи потрошувачи на регионалните фондови и грантови од ЕУ и се против планот на Брисел за распределување на барателите на азил кои пристигнуваат преку морето во Италија и во Грција.
Тој предупреди дека Рим ќе заземе цврст став во претстојните преговори за својот придонес во буџетот на Унијата за следниот програмски период – 2020-2026 година како одмазда за антиимигрантските позиции на земјите од Вишеградската четворка.