Рејтингот на Доналд Трамп достигна нов минимум

Од:

Популарноста на американскиот претседател Доналд Трамп достигна нов минимум – само 33 отсто од Американците ја одобруваат неговата работа. Ова го покажа денеска објавената анкетата на Галуп.

Според истражувањето, спроведено на 29 октомври, 33 отсто од испитаниците изјавиле дека го поддржуваат Трамп, а 62 процента ја оцениле неговата работа со лоша оценка. Во анкетата учествуваа 1.500 луѓе.

Во периодот 26-28 октомври, поддршката за Трамп беше 35 проценти. Овој индикатор во октомври не надмина 39 проценти.

Претходниот низок рејтинг на Трамп беше регистриран на 14 август, кога тој доби поддршка од 34 отсто од Американците, додека 61 процент беа против него.

Врвот на поддршка за американскиот претседател, не сметајќи ја својата прва недела во Белата куќа, беше регистриран на 11 март, кога 45 отсто од Американците ја одобрија неговата работа. Спротивно мислење имале 49 отсто.

Минимумот на неговите претходници, демократите Барак Обама и Бил Клинтон, не падна под 38, односно 37 отсто. А, Џорџ Буш имал рејтинг и од 25 проценти.

Би можело да ве интересира

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена