Светската здравствена организација денеска испрати свои претставници во престолнината на Сенегал откако беше соопштено за прв случај на зараза со ебола.
Со тоа Сенегал е петтата земја во Западна Африка каде се прошири епидемијата со ебола, по Либерија, Сиера леоне, Гвинеја и Нигерија.
Според информациите на СЗО, вирусот е пренесен во Сенегал од 21-годишен студент од Гвинеја, кој пристигнал на 20 август и одлучил да живее кај свои роднини, но три дена подоцна побарал лекарска помош откако ги пројавил каректеристичните симптоми на болеста. тестовите покажале зараза со смртоносниот вирус ебола, јави германската новинска агенција ДПА.
СЗО очекува епидемијата во Западна Африка да трае меѓу шест и девет месеци и за тој период може да се дојде до 20.000 заболени. До овој момент се регистрирани околу три илјади случаи, но не се исклучува дека реалната бројка е за два до четири пати поголема.