Ребека Моети нов директор на регионалната канцеларија за Африка на СЗО

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) денеска за нов директор на регионалната канцеларија за Африка, ја избра доктор Матшидисо Ребека Моети, додека регионот се соочува со епидемија на ебола.

За директор на регионалната канцеларија за Африка (АФРО) на денешниот состанок во Бенин е избран досегашниот заменик директор на канцеларијата Моети.

Моети е дел од СЗО од 1999 година, како регионален советник за здравје и млади. Претходно таа има работена во Министерството за задравје на Боцвана.

Организацијата Лекари без граници претходно упати критики до СЗО поради слабиот одговор во раните фази на епидемијата, што е координиран преку АФРО, наведувајќи дека организацијата не успеала да ја процени сериозноста на болеста.

Новата директорка е избрана на состанок на регионалниот комитет на СЗО за Африка, што е составен од министри за здравство од 47 земји од регионот.

Според податоците на СЗО околу 5.000 лица починаа од ебола годинава, во најголем дел во Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад

Ана Ололовска