Реакции на сириската опозиција, ЕУ и Велика Британија на говорот на Асад

Од:

Сириската опозиција ја отфрли мировната иницијатива, предложена од сирискиот претседател Башар ал Асад во денешниот говор и нагласи дека целта на овој негов предлог е да се осуетат дипломатските напори за ставање крај на граѓанската војна во земјата.

– Асад едноставно сакаше со таа иницијатива да го прекине патот кон постигнување на политичко решение, кое би можело да произлезе од идната американско-руска средба со посредникот на ОН Лахдар Брахими, изјави портпаролот на сириската опозициска коалиција Валид Буни.

– Сирискиот претседател Башар ал Асад треба да си замине од власт за да може да се постигне политичко решение за војната во неговата земја, изјави портпаролот на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон.

Оваа изјава на Ештон е реакција на денешниот говор на Асад, во кој тој меѓу другото рече дека нема да преговара со силите, кои се обидуваат да го соборат од власт.

– Ќе испитаме детално дали има нешто ново во неговиот говор, но остануваме на ставот дека Асад треба да си замине од власт и да ја овозможи политичката транзиција, додаде портпаролот на Ештон.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг го обвини Асад за лицемерие и истакна дека нема да може никого да излаже со неговиот повик за мировна иницијатива.

– Говорот на Асад беше бескрајно лицемерен. Смртта, насилството и репресиите, кои се случуваат во Сирија, се негова одговорност. Празните ветувања за реформи не можат никого да излажат, напиша Хејг на Твитер.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град