Разговори за мировниот процес во Украина

Од:

Министрите за надворешни работи на Русија, на Германија, на Франција и на Украина денеска телефонски разговараа за начините за придонес во мировниот процес во југоисточна Украина, вклучително и спроведувањето на договорот од Минск, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Сергеј Лавров, Франк Валтер Штајнмајер, Лоран Фабијус и Павел Климкин разговараа за временската рамка за понатамошни консултации во „формат Нормандија“ на различни ниво.

– Тие ја истакнаа потребата за свикување на следед состанок на Контакт групата, се посочува во соопштението на руското МНР.

„Формат Нормандија“ е формиран во јуни кога рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и украинскиот претседател Петро Порошенко разговараа за украинската криза на маргините на прославата ма 70-годишнината од истоварувањето во Нормандија.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје