Разбиена бугарско-француска криминална мрежа за шверц на цигари и проституција

Од:

Шест лица беа обвинети, од кои двајца се во притвор во Бордо, откако француската полиција разби криминална мрежа која главно се занимавала со шверц на цигари, но и со проституција, меѓу Франција и Бугарија.

Според француската Жандармерија, шесте осомничени Бугари, пет мажи и една жена на возраст од 21 до 70 години, се обвинети за злосторничко здружување, увоз и шверцување на произведен тутун. Еден од осомничените исто така беше обвинет за перење пари, прикривање организирана банда и наведување на проституција. Уште едно лице е уапсено во Бугарија по европска потерница.

Во оваа голема операција, биле ангажирани околу 150 жандарми и судски цариници. Таа започнала во понеделникот истовремено во Франција (Бордо и Мојсак во Тарн-е-Гарон) и во Бугарија, при нов увоз на шверцуван тутун. Вкупно имало единаесет апсења, вклучувајќи неколку во камп лоциран во хангар што не се користел во Бордо.

Акцијата, според Жандармеријата, е резултат на истрагата која траела од февруари 2019 година, со набљудување на Бугарин, вклучен во прикривање на украдени предмети. Истрагите откриле дека членовите на мрежата пренесувале млади жени од Бугарија кои се проституирале во Бордо, а истражителите нашле и докази за шверцувани цигари. Профитот од овој шверц се проценува помеѓу 200 и 400 илјади евра.

Во акцијата се запленети и околу 90.000 евра во кеш, осум возила и 650 штеки цигари, како и неколку недвижнини во Бугарија, инвестиции со кои се переле средствата.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Турчин со македонско возило шверцувал мигранти од Грција

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Мајка ја подведувала својата малолетна ќерќа на проституција