Ратко Младиќ се врати од болница во затворот на Хашкиот трибунал

Од:

Поранешниот командант на армијата на босанските Срби генерал Ратко Младиќ, кој вчера беше пренесен во болница откако му се слоши за време на судското рочиште, денеска попладне повторно е вратен во својата ќелија во затворот на Хашкиот трибунал, изјави портпаролот на Судот во Хаг Нерма Јелачиќ.

– Ратко Младиќ е вратен во затворот откако медицинските прегледи потврдија дека нема проблеми по неговото здравје и не е потребно лекување, истакна Јелачиќ.

Адвокатот на Младиќ нагласи дека кога неговиот 70-годишен клиент се пожалил вчера дека му е лошо, тој се уплашил дека Младиќ добил инсулт, бидејќи не можел да ги движи десната рака и нога, но анализите не ја потврдиле ваквата опасност.

– Сега мислам дека или има зголемено ниво на шеќер во крвта или висок крвен притисок. Вчера и двете беа повисоки од нормалното, изјави адвокатот Бранко Лукиќ, изразувајќи надеж дека процесот ќе може да продолжи в понеделник.

Адвокатот предупреди дека нестабилната здравствена состојба на Младиќ може повторно да влијае врз процесот и најави дека е можно да поднесе барање за намалување на времето кое Младиќ треба да го минува во судницата неделно.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска