Расте бројот на татковци во ЕУ кои земаат породилно отсуство

Од:

Според студијата на „Еурофанд“, нарачана од Европската комисија, бројот на мажи кои земале породилно отсуство во земјите од ЕУ по раѓањето на нивните деца е во постојан пораст во последните десет години, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во извештајот на Европската фондација за подобрување на условите на живот и на работа – Еурофанд се анализираат состојбите во Унијата во поглед на породилното отсуство кај мажите, откако беше усвоена нова директива кое го прави задолжително во целата ЕУ.

Сепак и покрај растечкиот број на мажи кои се одлучуваат да останат со детето по породувањето на мајката, еднаквата поделба на домашните обврски останува слаба кај сите земји членки на ЕУ.

Извештајот исто така нотира дека иако породилното отсуство за татковците е генерално добро платено, тоа останува и натаму премногу кусо и дека сѐ уште недоволно се користи и покрај растот на бројките.

Би можело да ве интересира

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Две деца и жена загинаа додека чекале леб во Газа

Горан Наумовски

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он