Расте бројот на питачи од Романија на улиците во Шведска

Од:

Сиромашни питачи со испружени пластични чаши кои бараат милостина, станаа дел од секојдневието на големите градови во Шведска. Многумина од овие питачи, како што јави дописникот на МИА, се од Романија.

Романската Амбасада во Стокхолм изрази загриженост поради таквиот развој, бидејќи се поголем број државјани на Романија доаѓаат во Шведска молјеќи да добијат помош во пари, стан и работа.

– Со оглед на ситуацијата во овој миг, ние не можеме да им помогнеме доколку се тука за да питачат, вели романскиот амбасадор во Шведска, Радута Маташе.

Во интервју за Шведската телевизија таа изјави дека романските државјани кои питачат по улиците и на плоштадите во шведските градови, долгорочно и нанесуваат штетат на Романија и на нејзиниот углед.

Но, засега не се гледа некое брзо решение во однос на овој проблем.

– Сите решенија ги согледуваме во подолгорочна перспектива. Мораме да продолжиме да правиме напори за подобрување на образованието на Ромите, вели Радута Маташе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“