Работниците во Азија протестираа поради намалување на работничките права

Од:

Повеќе десетина илјади јужнокорејски работници одржаа денеска во Сеул протест по повод Празникот на трудот, заканувајќи се дека ќе покренат „сеопшт генерален штрајк“ доколку Владата ги усвои планираните реформи во законот за труд.

Челниците на јужнокорејските синдикати наведуваат дека во двата протестни марша во Сеул учествувале повеќе од 100.000 работници, додека полицијата нивната бројка ја процени на 38.000 лица, пренесува Танјуг.

– На секој евентуален обид на Владата да ги намали работничките права ќе реагираме со сеопшт генерален штрајк, истакна лидерот на Корејскиот трговски синдикат Ким Донг-Ман.

Конзервативната Влада на претседателката на Јужна Кореја Парк Геун Хје сака да спроведе реформа на пазарот на труд, за кој се тврди дека тој ригиден пазар ќе го направи пофлексибилен со што ќе се олесни вработување и отпуштање на работниците.

Првомајски протести се одржани и во други азиски земји, па така демонстрантите во Тајван фрлале чадни бомби во близина на претседателката плата за време на протестот, на кој повеќе илјади луѓе бараа повисоки плати, покусо работно време и забрана за привремено вработување.

Во Хонг Конг на улиците излегоа домашните помошнички и работници од сродните професии, барајќи подобри услови, како за домашните работници, така и за имигрантите.

Во престолнината на Филипини, Манила на првомајскиот протест се собраа повеќе стотици лица, кои побараа поголеми плати и отворање на нови работни места, со цел да се спречи големиот број Филипинци да заминуваат во странство на работа.

Турската полиција го блокираше центарот на истанбул, во очекување на голем протест по повод 1 мај. Со оглед на тоа дека организаторите не добија дозвола за овој протест, утрово е блокиран пристапот на возилата на плоштадот таксим, традиционалното место за одржување протести во Истанбул.

Празникот на Трудот ќе биде одбележан и ширум Русија, а најголем собир се очекува на московскиот Црвен плоштад, на кој, според проценките, ќе присуствуваат 120.000 лица.

Синдикални собири денеска ќе се одржат во повеќе од 600 градови во Русија, на кои ќе присуствуваат 2,5 милиони лица, соопшти руското Здружение на независни синдикати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тензиите се разгоруваат и на исток: Масовна тепачка меѓу кинески и индиски војници, Азија стравува од ескалација

А1он

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Град што не постои ќе биде домаќин на Зимските Азиски игри во 2029 година

Азија зафатена од нов бран на Ковид-19

Горан Наумовски

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Ана Ололовска