Азија зафатена од нов бран на Ковид-19

Од:

Нов бран на зараза со коронавирусот забрзано се шири низ Азија, а населението од Нов Зеланд до Јапонија е предупредено да презема мерки на претпазливост за да се спечи избувнување жаришта и преопретереност на здравствените системи.

Повторниот раст заразени, претежно со Омикрон варијантата БА.4/5, претставува дополнителен предизвик за властите што се борат за надминување на последиците од претходните бранови на заразата, обидувајќи се да спречат продолжување на актуелните или повторно воведување на непопуларните рестриктивни мерки.

Владата на Нов Зеланд денеска најави дистрибуција на бесплатни маски и брзи антигенски тестови, во услови кога се прават напори за ублажување на притисоците врз националниот здравствен систем што се уште се справува до прилив новозаразени од Ковид-19 и сезонскиот грип за време на зимата на јужната хемисфера.

Во Нов Зеланд со популација од 5,1 милион жители има речиси 69 илјади заразени, од кои 765 се во болниците, што резултира со долготрајно чекање, па и откажување оперативни зафати.

Во Јапонија новите случаи на коронавирусот достигнаа ниво невидено оваа година. Владата ги повика граѓаните особено да внимаваат воочи престојниот продлжен викенд и школскиот распуст.

Јапонските власти соопштуваат за речиси 95 илјади случаи, а бројот новозаразени порасна за 2,14 отсто споредбено со изминатата седмица.

„Бројот нови случаи се зголемува во секоја перфектура во Јапонија и се чини дека брзо расте“, ијзави министерот за здравство Шигејуки Гото пред почетокот на состанокот на Одборот за борба против коронавирусот.

Токио степеност на подготвеност го подигна на највисоко ниво.

„Утре ќе одржиме состанок на работната група за да решиме за мерките што ќе ги преземеме ова лето, имајќи ги предвид националниот тренд и мислењето на експертите“, рече гувернерот на Токио, Јурико Коике.

Како и Нов Зеланд, и Јужна Кореја добиваше пофалби за начинот на кој одговори на почетокот на пандемијата, но до вчера бројот заразени се зголеми трипати споредбено со минатата седмица, на повеќе од 39 илјади.

Официјалните претставници на властите и експертите проценуваат дневниот број инфекции во Јужна Кореја да достигне 200 илјади околу средината на август до крајот на септември, со мерки за проширување на опфатот население со бустер-вакцините, но без планови за дополнителни ограничувања.

Австралија предупреди дека би можела да биде погодена од најлошиот бран на Ковид-19 во следните неколку недели. Властите во Канбера стравуваат од „милиони” нови инфекции, но ги отфрлија сите строги ограничувања за да се спречи ширењето.

„Отидовме подалеку од тоа… Не сме во време на заклучувања и такви работи“, изјави денеска федералниот министер за здравство Марк Батлер, но сепак ги повика Австралијците да размислат повторно да работат од дома.

Бројот заразени што побарале преглед во австгралиските здравствени установи се приближува до нивоата регистрирани при последното поголемо избувнување на омикрон-варијантата на почекот на годинава, а здравствениот систем исто така е под притисок на зголемениот број инфицирани како од Ковид-19 така и од сезонскиот грип.

Континентална Кина овој месец пријавува просечно повеќе од 300 локално пренесени инфекции со Ковид-19 дневно. Благодарение на строгата политика на Пекинг за „нулта ковид“ државата успева да ја ограничи заразата во локални кластери и спречува преоптеретеност на болниците.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска