Путин: Западот го „провоцира“ растот на цените, може да биде трагедија за најсиромашните земји

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин одржа говор на Источниот економски форум што се одржува во Владивосток. Путин зборуваше за санкциите на Западот против Русија, извозот на украинското жито и како што тврди самодоволноста на Русија.

„Санкциите против Русија се закана за целиот свет“

„Невозможно е да се изолира Русија, само погледнете ја мапата на светот. Русија е веројатно единствената земја во светот која може целосно да се снабди со природни ресурси“, рече Путин, мислејќи на глобалната криза со храна.

„Поради политиката на западните земји, кризата со храна се зголемува. Тоа може да доведе до невидена хуманитарна катастрофа“, рече рускиот претседател, додавајќи дека Западот е одговорен за глобалното зголемување на цените на храната, кој купува залихи на храна и на тој начин го „провоцира“ растот на цените.

„Тоа може да се претвори во трагедија за најсиромашните земји“, рече Путин, додавајќи дека „санкциите против Русија се закана за целиот свет“.

„Русија успешно се справува со финансиската, технолошката и економската агресија на Западот“, рече Путин, додавајќи дека размислува да го ограничи извозот на жито од Украина, додавајќи дека за тоа ќе разговара со турскиот претседател Ердоган.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски