Путин: Во случај на нуклеарна војна Русите ќе одат во рајот

Од:

Русите ќе одат во рајот во случај на нуклеарна војна, бранејќи се со воена решителност, истакна рускиот претседател Владимир Путин, но рече дека секој агресор кој користел атомско оружје против неговата земја ќе биде уништен.

– Агресорот треба да сфати дека казната ќе биде неизбежна и дека ќе биде уништен. А ние, како жртви на агресија, како маченици, ќе одиме во рајот. А тие, тие едноставно ќе умрат, дури нема да имаат време да се покајат , изјави Путин на Форумот на клубот „Валдај“ во Сочи.

– Ако дојде до нуклеарна војна, Русија не може да биде иницијатор на таква несреќа, бидејќи ние немаме концепт за превентивен удар, истакна рускиот претседател. Тој додаде дека во слична ситуација Москва ќе почека да се увери дека е предмет на нуклеарен напад, но нема прва да користи вакви оружја.

Русија смета дека новата нуклеарна доктрина на САД, усвоена на почетокот на оваа година, е воинствена и антируска. Во 2016 година Путин нареди зајакнување на руските нуклеарни сили и модернизација на вооружувањето како одговор на зајакнувањето на военото присуство на НАТО долж границите на Русија, што Москва го доживува како закана, пренесува БТА.

Би можело да ве интересира

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски

Путин потпиша указ за состав на новата влада на Руската Федерација

Путин одлучи: Бортников е нов директор на Федералната служба за безбедност на Русија

Путин оди во посета на Кина