Путин свика итен состанок, Кремљ: Украинскиот напад е тероризам

Од:

Руските медиуми денеска јавуваат дека украинските сили влегле на руска територија во областа Брјанск, која на север граничи со Украина. ТАСС пренесува дека „според последните информации влегле во две села“ и дека се водат борби.

Државната новинска агенција РИА Новости објави дека портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на дневен брифинг за медиумите изјавил дека рускиот претседател Владимир Путин го откажал планираното патување во Ставропол „поради ситуацијата во регионот Брјанск“. Песков рече дека инцидентот е „терористички напад“.

Владимир Путин денеска ќе претседава со итен состанок на рускиот Совет за безбедност, изјави руски пратеник, откако Русија објави дека „група украински диверзанти се инфилтрирале во пограничниот регион Брајанск“.

Тврдењата не се независно потврдени. Украина веќе подолго време предупредува дека Кремљ планира да спроведе операции со лажни знамиња со цел да ја обвини Украина за ескалација на конфликтот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија почна вежби со тактичко нуклеарно оружје

ВИДЕО: Војната во Украина е во брутална фаза

Катерина Ѓуровски

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски