Путин: Русија работи на ослободување на заложниците од Газа

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин им рекол на лидерите на руската еврејска заедница дека Москва постигнала „конкретни резултати“ во дипломатските напори за ослободување на заложниците во Газа, пренесоа руските новински агенции.

Новинските агенции објавија дека Путин ова го рекол на средба со главниот руски рабин Берл Лазар и шефот на Федерацијата на еврејските заедници Александар Борода. Путин рече дека Русија ги искористила своите контакти со политичкото крило на Хамас.

„Знаете, бидејќи ситуацијата стана понапната на Блискиот Исток, Русија прави се за да им помогне на заложниците“, ги цитираат руските медиуми зборовите на Путин.

„Како што е познато, нашето Министерство за надворешни работи работеше преку политичкото крило на Хамас и глобално имаше конкретни резултати“, додаде рускиот претседател, но не даде детали.

Русија, која се приближи до Иран откако ја нападна Украина пред речиси две години, ја повтори својата поддршка за палестинската државност и ја критикуваше израелската офанзива во Појасот Газа.

Москва изјави и дека насилството на Блискиот Исток е одраз на неуспехот на американската политика во тој регион.

Путин рече дека напорите на Москва се насочени кон помош на руските граѓани, но и на „старите и членовите на нивните семејства кои го преживеале Холокаустот“.

Повикувањето на Путин за преживеаните од Холокаустот дојде еден ден откако руското Министерство за надворешни работи ја критикуваше израелската амбасадорка Симона Халперин за нејзините „непримерни изјави“ за рускиот весник Комерсант.

Халперин во интервју рече дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го минимизира холокаустот и дека Русија е премногу пријателска кон Хамас.

Би можело да ве интересира

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on

Нетанјаху: Нема да има мир во Газа додека Хамас не биде уништен

Поддршка за планот на Бајден за Газа: „Да ја завршиме оваа војна“

Хамас објави дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи

Катерина Ѓуровски

Бајден потврди дека Израел му понудил примирје на Хамас: Време е оваа војна да заврши

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ