Хамас објави дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи

Од:

Палестинската милитантна група Хамас објави дека позитивно гледа на содржината на предлогот на американскиот претседател Џо Бајден за траен мир во Газа.

Бајден претстави трифазен план – шестнеделен прекин на огнот, потоа преговори за условите за траен прекин на непријателствата и голем план за обнова на Газа.

„Хамас ја потврдува својата подготвеност да работи позитивно и конструктивно со секој предлог заснован на трајно примирје и целосно повлекување на израелските сили од Појасот Газа, обновување на таа територија и враќање на бегалците во нивните домови, заедно со исполнување на вистинска размена на затвореници, доколку окупацијата јасно ја објави посветеноста на таков договор“, рече Хамас.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по објавувањето на планот на Бајден соопшти дека тој им наложил на преговарачите да презентираат предлог за прекин на огнот.

Палестинските здравствени власти проценуваат дека повеќе од 36.000 луѓе загинале во конфликтот во Газа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бајден: Трамп треба да биде „заклучен“

(ВИДЕО) Израелците објавија видео, Синвар ги носи работите низ подземен тунел

(ВИДЕО) Бајден му честиташе на Нетанјаху за убиството на лидерот на Хамас: Ова е добар ден за светот

Катерина Ѓуровски

Иран и Хезболах му се закануваат на Израел по убиството на лидерот на Хамас

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Последните моменти од животот на лидерот на Хамас: го бараа една година, го убија случајно

Катерина Ѓуровски

Харис: Убиството на Синвар нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа