Путин: Русија може да игра клучна улога на Блискиот исток

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика САД, Израел и Иран да ги надминат несогласувањата и да ги заживеат разговорите за нуклеарната програма на Техеран.

Тој потенцира дека не е соодветно да се носат еднострани одлуки за тоа дали Иран ги исполнува своите обврски од нуклеарниот договор.

– Такво нешто треба да провери неутрална страна, како што е Меѓународната агенција за атомска енергија, рече Путин во интервју за медиуми на арапски јазик.

Тој истакна дека по повлекувањето на САД од нуклеарниот договор и повторното воведување санкции за Техеран, не е изненадувачки што Иран одлучи да ги прекине своите обврски согласно документот, но дека би било подобро да се придржуваат кон нив.

Путин рече дека Русија може да игра клучна улога на Блискиот исток затоа што има добри односи со Иран и арапскиот свет. Тој изјави дека никој во Саудиска Арабија или Обединетите Арапски Емирати не сака судир со Иран.

Рускиот претседател изјави дека официјална Москва има „многу пријателски врски“ со саудискиот принц Мохамед бин Салман и дека размислува за нови инвестиции во Саудиска Арабија.

Тој додаде дека Русија, исто така, работи на создавање слободна трговска зона со Израел и Египет, како онаа што ја има со Иран.

Би можело да ве интересира

Русија: Не сме сигурни дека Ал-Багдади е мртов

Почна вториот ден распити за отповикувањето на Трамп

Литванија и Норвешка разменија шпиони со Русија

Руски хеликоптери и војници распоредени во поранешната американска база во Сирија

Путин: Боливија е на работ на хаос, многу потсетува на Либија и Венецуела

Ана Ололовска

Џонсон: Нема докази за руско мешање во британските избори

Ана Ололовска