Путин: Ќе го избришеме од лицето на земјата секој што ќе не нападне со нуклеарно оружје

Од:

Секоја земја што ќе ја нападне Русија со нуклеарно оружје ќе биде избришана од лицето на земјата, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Sky News. Тој тврди дека Русија нема мандат да изврши превентивен нуклеарен напад, додавајќи дека напредното руско хиперсонично оружје ќе обезбеди „насилен одговор“ доколку биде нападнат.

Путин ова го изјави на прес-конференција во Бишкек, Киргистан. Тој рече и дека „нема потреба“ од втор бран на мобилизација за војната во Украина. Тој наведува дека 150.000 неодамна мобилизирани резервисти сè уште не се испратени на фронтот.

Иако Путин постојано повторува дека мобилизацијата е завршена, тој сепак одбива да издаде официјален декрет со кој ќе се прогласи крај, поради што Русите стравуваат дека може да се најави нов бран на мобилизација.

Би можело да ве интересира

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област

Путин: Раиси беше вистински пријател на Русија

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски