Путин и Шолц телефонски разговараа за дипломатските напори и за хуманитарните коридори во Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со германскиот канцелар Олаф Шолц за дипломатските напори за прекин на непријателствата во Украина и воспоставување хуманитарни коридори.

Британските медиуми го пренесуваат соопштените на Кремљ во кое се наведува дека Путин и Шолц разговарале за последната рунда разговори меѓу Киев и Москва и дека двајцата лидери се договориле да продолжат со контактите за ова прашање.

Кремљ, истотака, наведува дека Путин на германскиот канцелар му кажа дека украинските националисти се обидуваат да го попречат безбедното евакуирање на цивилите.

„Посебно внимание беше посветено на хуманитарните аспекти на ситуацијата во Украина и републиките во Донбас. Рускиот претседател го информираше германскиот канцелар за мерките за организирање хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од областите на борбени операции и за обидите на милитантите од националистичките единици да го попречат безбедното евакуирање на луѓето“, се додава во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија