Путин и Ердоган разговараа за израелско-палестинскиот конфликт

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин телефонски разговарале за конфликтот меќу Израел и палестинските сили, но и за испораката на вакцината Спутник В, објавија турските медиуми.

Ердоган истакнал дека Турција остро се спротивставува на израелските напади врз Ерусалим, Појасот Газа, џамијата Ал-Акса и Палестинците, а меѓународната заедница мора да го запре Израел и строго да го предупреди.

Турскиот претседател додал дека е од витално значење интервенцијата на Советот за безбедност на ОН пред тензиите да ескалираат, а Советот мора да даде јасна и одлучна изјава во однос на Израел.

Велејќи дека распоредувањето меѓународни мировни сили за заштита на Палестинците е прашање кое треба да се разгледа, Ердоган изрази верување оти Турција и Русија ќе покажат блиска соработка во ОН во врска со тоа.

Кремљ соопшти дека за време на разговорот претседателите ја потенцирале принципиелната позиција на Русија и Турција за поддршка на решението на двете држави за палестинско-израелскиот конфликт врз основа на општо прифатените меѓународни правни норми, како и посебната улога на „четворката“ на меѓународни медијатори (Русија, ЕУ, ОН, САД) за олеснување на преговарачкиот процес.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски