Путин: Хилари Клинтон е слаба, но тоа не е лошо за жена

Од:

Рускиот претседател, Владимир Путин коментирајќи ги изјавите на поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, дека тој се обидува да ги прекрои границите во источна Европа, како што тоа Афолф Хитер го направил во 30-тите години од минатиот век, рече дека во прашање е слабост, а не сила и иронично додаде дека тоа за жена и не е така лоша особина.

-Подобро е да не расправате со жените. Но Клинтон никогаш не беше така фина во своите изјави. Кога луѓето ќе ги преминат границите, тоа не е затоа што се силни, туку затоа што се слаби. Но можеби слабоста и не е така лоша женска особина -рече Путин.

Тој се потсети дека се сретнувал со неа во време кога таа беше највисокиот американски дипломат и дека „водел срдечни разговори за разни меѓународни прашања“.

Сепак бидејќи стана мета на Запад поради украинската криза и присоединувањето на Крим, рускиот лидер не сокри дека коментарите на Клинтон во кои го споменува Хитлер, ги смета за екстремни, пренесе „Франс прес“.

-Порано попуштав и заедно се смеевме на добрите шеги. Но кога ќе слушнам такви екстремно изјави, за мене тоа значи дека тие немаат никави убедливи аргументи –заклучи Путин.

Инаку Путин оваа недела во Франција треба да се сретне со новиот украински претседател Петар Порошенко, на одбележување на „Денот Д“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа