Путин го намали дотурот на руски плин во Полска?

Од:

Полска вчера објави дека добива 20 проценти помалку плин, од својот доставувач, руски „Газпром“, а истата вест ја пренесе и руската агенција „РИА“, повикувајќи се на изјавите на претседателот на украинската компанија „Укртрансгас.

Некои европски држави веруваат дека Москва за решавање на судирот со Запад поради украинската криза би можела да ја намали испораката на плин за Европа.

Како што пренесе „Ројтерс“, украинската компанија „Укртрансгас“, која има монопол на транспорт на рускиот плин, соопштила дека „Газпром“ го ограничува дотурот на плин во Полска, за да ја поремети доставата на плин која тече во спротивна насока од Полска кон Украина.

-Работите не одат лесно. Русија започна да го ограничува дотурот на плин во Полска за да го поремети дотурот, кој што ние го имаме од Полска. Во два часот попладне Полска ја прекина доставата за Украина-рече Ихор Прокопив, претседател на „Укртрансгас“.

„Газпром“ кој обезбедува една третина од потребите за плин во Европа, за сега нема коментари. Нема никакви знаци дека дотурот на рускиот плин е намален за други увозници во Европа. Словачка потврдила стабилен дотур, а пореметувања не забележале ниту Унгарија, БиХ и Србија.

Инаку Варшава силно лобира во ЕУ за наметнување на построги санкции за Русија, а во Полска би требало да бидат стационирани и елементи на новите НАТО сили за брза реакција.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Истражување: 89 отсто од Русите би поддржале криминализација на семејното насилство

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Избегната голема несреќа во Полска, полициско возило удри во спасувачки хеликоптер на автопат

Руските сили соборија 25 украински беспилотни летала во текот на ноќта