Првото годинашно тропско невреме, што го доби името Аманда, вчера поплави делови од Централна Америка, а во поплавите загинаа најмалку седум лица, соопштија властите на Ел Салвадор.
Осумгодишно дете е една од жртвите, а градоначалникот на Сан Салвадор, Ернесто Мајсон, соопшти дека во невремето се уништени 50 куќи, додека стотици лица биле евакуирани поради прелевање на реките, пренесуваат американските медиуми.
Претседателот на земјата, Наџиб Букеле, прогласи 15-дневна вонредна состојба за да и помогне на земјата да се справи со силните дождови што почнаа пред два дена, додека министерот за внатрешни работи Марио Дуран изјави дека земјата е во критична состојба.
Тропската бура Аманда утринава имаше налети на ветрот од 65 километри на час, но набрзо ослабе и се претвори во тропска депресија со налети на ветрот од 55 километри на час, но подоцна во Гватемала, во текот на попладневните часови повторно имаше налети од 75 километри на час.
Метеоролозите предвидуваат дека бурата се очекува да ослабне во текот на ноќта.
Невремето се очекува да донесе дожд од 25 до 38 сантиметри на метар квадратен во Ел Салвадор, јужна Гватемала, западен Хондурас и југоисточно Мексико, додека помалку дождови се очекуваат во делови од Никарагва и Белизе.