Прва жртва на бегалската криза во Унгарија, полицијата употреби солзавец

Од:

Еден маж од Пакистан загина денеска во Унгарија откако паднал на шините кога група од околу 350 мигранти побегнаа од железничката станица во местото Бичке, соопшти унгарската полиција.

Стотици бегалци го пробиле полицискиот кордон на железничката станица во Бичке и почнале да трчаат по пругата кон запад, блокирајќи го движењето на возовите.

Во меѓувреме, полицајци употребиле солзавец при судир со бегалци, кои се обидувале да побегнат од прифатниот центар во близина на градот Роска, во јужниот дел на Унгарија.

Како одговор на солзавецот, бегалците започнале да фрлаат со камења.

Портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) Мелиса Флеминг не ја поддржа изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека „Европа не треба да мисли на распределување квоти за мигранти, туку како да ги заштити своите граници“.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон