Прв самит на земјите од ЕУ и Арапската лига

Од:

Околу 50 шефови на држави или влади од ЕУ и Арапската лига денеска и утре ќе учествуваат на првата средба на врвот на која ќе разговараат за јакнење на економската и политичката соработка, миграцијата и безбедносни прашања.

Самитот во Шарм ел Шеик, на египетскиот полуостров Синај, е првиот состанок на највисоко ниво во историјата на овие две организации, а со него ќе претседаваат претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси.

Меѓутоа, во подготовките за Самитот, ЕУ не успее да обезбеди единство во врска со клучните прашања за кои треба да се дискутира на самитот, како што се миграцијата или нестабилноста на Блискиот Исток. Земјите-членки на ЕУ, исто така, не успеаја да се договорат за заедничка политичка декларација на заедничкиот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ и арапските земји, а која би требало да биде усвоена на Самитот. Најголемиот дел од декларацијата е усогласен, но Унгарија имаше забелешки на делот каде се спомнува Глобалниот договор за миграциите од Маракеш.

Од европска страна, на Самитот ќе присуствуваат 24 од 28 шефови на држави или влади. Францускиот претседател Емануел Макрон, шпанскиот премиер Педро Санчез, летонскиот премиер Кришјанис Каринш и литванската претседателка Далија Грибаускаите ќе ја пропуштат средбата. Добар дел од лидерите своето присуство го потврдија дури откако се дозна дека на Самитот не доаѓаат суданскиот претседател Омар ал-Башир и саудискиот принц, престолонаследникот Мохамед бин Салман. Саудиската делегација ќе биде предводена од кралот Салман.

Од Самитот нема големи очекувања во смисла на конкретни резултати, туку ќе биде симболична потврда за досегашната соработка. Членките на ЕУ во последниве години тесно соработуваат со арапските земји за прашања кои најмногу ги загрижуваат. Северноафриканските земји се особено важни партнери на ЕУ во управувањето со миграциските текови и размена на информации за тероризмот, и од европска перспектива, оваа соработка носи резултати. Бројот на мигранти што влегуваат во ЕУ преку Средоземното Море значително се намали во споредба со 2015 година.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески