Протестите во Бразил, Египет и Турција се повик за будење, предупреди претседателот на СБ

Од:

Протестите во Бразил, Египет и Турција се повик за будење, предупреди претседателот на Светската банка Џим Јон Ким.

– Тие социјални движења нема да исчезнат. И, според мене тое само ќе се интензивираат, вели Ким во изјава за британски медиуми.

Како причини за протестите, претседателот на СБ ги посочи незадоволството од политичката класа, недостигот од можности и очекувањата за повисок стандард за живот.

– Секоја држава во светот треба да размисли дали е ефективна или не во доставувањето услуги, дали луѓето навистина имаат можности или не, вели Ким.

– Твитер, Фејсбук и останатите социјални мрежи станаа неверојатно моќни инструменти за граѓанското општество, додава тој.

Според Ким, кризата ја прави правилната економска политика уште поважна и нагласува дека е исклучително важно да се инвестира во здравството, образованието и социјалната заштита.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица