Протести во Сеул со барање за оставка на јужнокорејската претседателка

Од:

Околу 1,3 милиони лица учествуваа денеска на протести во Сеул од кои е побарано побарана оставка на јужнокорејската претседателка Парк Геун-хје, јави ТАСС.

Демонстрантите се собраа на централниот плоштад „Кванхвамун“, а потоа се упатија кон Синот дом, зградата на претседателстовто, која се наоѓа на 200 метри оддалеченост.

Засега нема информации за инциденти.

Протестот се одвива мирно со обезбедување на околу 25 илјади полицајци.

Ова се петти масовни протести во Сеул со барање за оставка на Парк, по избувнувањето на корупцискиот скандал, поврзан со нејзината најдобра пријателка Чој Сун-сил и неколку државни службеници и бизнисмени.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски

Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Горан Наумовски