Протести во Алжир против претседателските избори закажани за 12 декември

Од:

Низ цел Алжир денеска се одржаа нови протести против претседателските избори закажани за 12 декември, најмногу пред локациите каде кандидатите одржуваат митинзи на третиот ден од изборната кампања.

За време на протестите беа приведени неколку десетици луѓе, соопшти Арапската лига за човекови права.

Протестите кои започнаа на 22 февруари и доведоа до оставка на долгогодишниот претседател Абделазиз Бутефлика, продолжија затоа што протестното движење исклучува секакви избори на наследници на Бутефлика без да си заминат функционерите поврзани со сегашниот државен систем.

Кандидати за нов шеф на државата се Али Бенфлис и Абделмаџид Тебун – поранешни премиери на Бутефлика, како и Азедин Миуби – исто така поранешен министер на Бутефлика, и Абделкедер Бенгрина – поранешен министер од една од партиите што ги поддржуваше Бутефлика.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он