Проруските сепаратисти бараат признавање од Киев

Од:

Договорот од Минск за прмирје во источна Украина нема да успее се додека Киев не ја признае независноста на сампрогласените „народни републики“ во Доњецк и Луганск, изјави прорускиот сепаратистички лидер Александар Закарченко.

Во изјава за Би-Би-Си, Закарченко оценува дека украинската Влада „не го спроведува правилно“ Договорот од Минск, затоа што, според него, Киев „не сака да ги реши сите прашања“.

– Ако се нафатите да решите нешто, тогаш мора да дејствувате и да тргнете напред во решавање на се што тоа опфаќа, изјави Захарченко, кој е лидер на сепаратистите од Доњецк.

Тој ги обвини властите во Киев дека се подготвуваат за војна и дека наскоро би можеле да испровоцираат судри со напад на Доњецк или на „некој друг град во Доњецката Народна Република“.

Со Договорот во Минск е предвидено сепаратистичките региони на Доњецк и Луганск да останат во границите на Украина, но Захарченко смета дека Киев мора „законски да ги прознае како независни територии“.

Тој вели дека Украина престанала да исплаќа здравствена заштита, пензии и други давачки за жителите на подрачјата под контола на сепаратисите, со што според него Киев „де факто ги признал“ како посебни територии.

И покрај Договорот за прекин на огнот од Минск, во пракса примирјето секојдневно се крши на терен со артилериски напади и престрелки меѓу спротивставените страни. Двете страни тврдат дека го почитуваат примрјето, а дека противникот го прекршува Договорот.

Според податоците на ОН, од почетокот на судирите во истична Украина, лани во април, животите ги загубиле најмалку 6.116 лица.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев