Пронајдено е бебе во корпа за отпадоци во близина на Торино

Од:

Бебе е пронајдено во канта за ѓубре во италијанскиот град Виланова Канавезе, недалеку од Торино, јави агенцијата Анса.

Бебето било пронајдено во најлонска кеса, заедно со плацентата и папочната врвца. И покрај ниските температури, здравјето на бебето кое лекарите го крстиле Лоренцо засега е добро.

Бебето го пронашол 49-годишен маж кој живее во близина и сакал да фрли нешто во ѓубре. Го спречил детски плач.

“Најпрво мислев дека е мачка. Дури по некое време сфатив дека е бебе”, рекол тој.

По откритието повикал полиција, а детето било пренесено во болница. Полицијата отвори истрага како новороденчето завршило во ѓубре.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Бебе од Србија почина во Виена, приведени родителите

А1он

Бебе падна од првиот кат на зграда во подрум во Параќин

Гинеколог од Сремска Митровица во притвор, осомничен за акушерско насилство

А1он

Во Велес се роди првото бебе – машко во 2024 година

Прво женско бебе е родено во 2024 година во Тетово

А1он