Бебе падна од првиот кат на зграда во подрум во Параќин

Од:

Четиримесечно бебе е пренесено во тешка состојба во Општата болница во Параќин по несреќа во зграда, јавува српскиот портал 035.

Според неофицијални информации, утврдено е дека несреќата се случила на 29 јануари во 22 часот, а присуствувале дедото и родителите на бебето.

Дедото на четиримесечното бебе пред зградата го зел носачот во кој било детето од возилото и почнал да го носи во зградата до станот. Кога стигнал на првиот кат, откако забележал дека бебето има ќебе на лицето, го ставил носачот на скалите за да не го помести ќебето. Во тој момент бебето испаднало од носачот и паѓа од првиот кат, низ просторот меѓу скалите, во подрумот на зградата.

Родителите го извадиле бебето и веднаш го однеле во Итната медицинска помош во Параќин, од каде биле препратени на педијатрија, каде по лекување бебето било пренесено во Белград во Клиничкиот центар.

Според извор близок до обвинителството, било наредено да се обезбеди медицинска документација за повредите со кои се здобило детето, како и да се следи здравствената состојба на детето.

Би можело да ве интересира

„Зедовме дома погрешно бебе, а дознавме пет години подоцна“

А1он

Тело на бебе е пронајдено во канта, осомничена е мајката, велат австриските истражители

Бебе паднало од четврти кат, животот му го спасил случаен минувач

А1он

Од сепса починало бебе на Детската клиника во Скопје

А1он

Се роди првото бебе во Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“