Експертите на Обединетите нации денеска ја пронајдоа и втората црна кутија од алжирскиот авион кој се урна во северниот дел на Мали, при што загинаа најмалку 116 патници и членови на екипажот, соопшти мировната мисија на ОН.
– Пронајдена е втората црна кутија на местото на несреќата, се истакнува во соопштението.
Француските војници вчера пронајдоа една црна кутија. Француски владини претставници вчера изјавија дека најверојатна причина за падот на авионот се лошите временски услови, но оти не ја исклучуваат можноста за терористички напад.
Во авионот имаше 51 Французин.