Јужноафриканската полиција уапси 25-годишен маж кој проголтал 220 дијаманти со намера да ги изнесе од земјата.
Шверцерот е уапсен во вторникот навечер, додека чекал во ред, на меѓународниот аеродром О.Р. Тамбо во Јоханесбург, пренесува АП.
Дијамантите биле откриени откако било скенирано телото на момчето. Вредноста на дијамантите се проценува на 2.3 милиони долари.
Полицијата вели дека ова е втор таков обид за шверц на дијаманти оваа година.
Јужна Африка е една од водечките земји по производство на овие скапоцени камчиња.